×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Метеж на станиците за технички преглед во Куманово, налепници „НМК“ има во само дел од нив

    12.02.2024 10:05 | Оливера Пешевска

    Налепници за регистерски таблички со ознаката „НМК“ има во станиците за технички преглед на „Пин Петрол“ во населбата Перо Чичо и во  Авто мото сојузот Куманово, додека во Здружението на возачи „Авто Контрол“ се уште не се доставени. 

    Метеж на станиците за технички преглед во Куманово, налепници „НМК“ има во само дел од нив

     На сите станици за технички преглед во Куманово има метеж, доаѓаат заинтересирани граѓани за да го испочитуваат рокот за замена, кој е до вечерва на полноќ.

    „Има налепници, но има и многу гужва. Сопствениците на возила мора да дојдат во станицата, да пополнат барање, а налепниците задолжително ги ставаат контролорите на каналот во станицата. Граѓаните не можат да ги подигнат налепниците и самостојно да ги залепат на своите таблички“, истакнуваат од „Пин Петрол“.

    „Авто Мото“ Куманово имаат обезбедено посебна лента само за граѓаните кои имаат потреба од ваквата услуга, и тие од утрово имаат обезбедено „НМК“ налепници. На таков начин се обидуваат да го намалат метежот, и да ги одделат возилата кои поминуваат редовен или вонреден технички преглед, процедура која трае малку подолго.

     Вработените во Авто контрол велат дека се јавуваат голем број на граѓани, а тие очекуваа доставата, но немаат најава кога би пристигнале. Немаат ниту било каков допис дали налепниците ќе ги лепат контролрите или клиентите тоа ќе можат сами да си го направат.

    „Во секој случај, слободно вртете и прашувајте, сите инфомрации можете да ги добиете и на телефонскиот број“, истакнуваат од третиот оператор „ Авто Контрол“, кој има две станици едната на улица „Железничка“, втората во селото Доброшане.

    И покрај најавите дека МВР ќе ги дистрибуира налепниците до сите станици за технички преглед на возила навремено, сепак до крај на работниот ден, во петок граѓаните на Куманово не можеа да ги обезбедат ознаките.

    Налепница со ознаката NMK мора да ја имаат сите возила чии регистарски таблички се со кодот МК, а тие за граѓаните се бесплатни.

    Сите лични документи и регистерските ознаки на возилата на граѓаните на Македонија во меѓународна употреба мора да се со новото уставно име на републиката по 12 фебруари 2024 година.