Намален бројот на заболени од овчи сипаници
17.02.2014 08:57
| KumanovoNews
Во јануари се регистрирани 44 заболени од овчи сипаници во Куманово, што претставува двојно помалку во однос на декември кога имаше 110 болни.

Заболените од овчи сипаници се деца од предшколска возраст и деца од нижите одделенија. Во февруари очекуваме приближно ист број на заболени како и во јануари. Понатаму бројот на заболени ќе се намалува - велат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Симптомите кои се јавуваат кај заболените од овчи сипаници се покачена температура, осип, малаксаност, а болните претежно се лекуваат во домашни услови.