Намалена видливост поради магла на патот Куманово- Страцин
Поради појава на магла, намалена е видливоста до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин, како и на делницата Тетово – Гостивар, додека на патот Сарамзалино – Штип видливоста изнесува околу 100 метри.
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март.