Наместо со санка, Дедо мраз пристигна со падобран
Дечињата од градот со песна и радост го дочекаа Дедо Мраз. Точно напладне најпосакуваниот дедо на светот пристигна со падобран на Градскиот плоштад.

Прво им посака многу здравје, среќа и да бидат послушни во Новата година, а потоа ги слушна нивните желби. Дечињата бараа разни подароци, од новогодишни пакетчиња,велосипеди и комјутери.
Нив ги поздрави и градоначалникот од името на локалната самоуправа која ја организираше целата манифестација.
Скокањето на Дедо Мраз со падобран ги воодушеви децата кои нестрпливо очекуваа да добијат некој подарок и да се сликаат со него. Поради убавото време Градскиот плоштад беше преполн со реодители дечиња, кои уживаа во програмата и песничките од познатите мали ѕвезди.