Мени

Нападнал полицаец во полициска станица

22.10.2016 12:09 | KumanovoNews

Опаец нападнал полицаец во полициската станица Матејче и му ја скинал униформата.

Нападнал полицаец во полициска станица

Инцидентот се случил вчера во 15.10 часот во просториите на ПО-Матејче, кога дошол Е.С. (44) од липковското село Опае да праша за поднесена пријава против него во 2015 година. Истиот бил примен од водичот на смена кој му кажал да поднесе барање преку архива, на што Е.С. физички го нападнал и му искинал дел од униформата.