Мени

Тренер на скопски кошаркарски клуб нападнат по натпревар во Куманово

03.03.2026 14:10 | KumanovoNews

Кумановец нападнал тренер на скопски кошаркарски клуб во училишна сала во Куманово.  

Тренер на скопски кошаркарски клуб нападнат по натпревар во Куманово

„На 02.март во 21:42 часот во полицијата, Г.А.(46) од Скопје, во својство на тренер на кошаркарски клуб од Скопје, пријави дека по завршување на натпревар во спортска сала на Средно општинско училиште во Куманово бил физички нападнат од 66-годишен кумановец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.