×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Населбата Стари Лозја остана без пат

    21.09.2012 08:03 | KumanovoNews

    Жителите останале отсечени од градот, откако црниот пат кој со години го користеле од неодамна е приватен имот.

    Населбата Стари Лозја остана без пат

     Жителите од населбата Стари Лозја немаат пристапен пат до своите куќи. Педесетина домаќинства останале отсечени од градот, откако црниот пат кој со години го користеле, од неодамна е приватен имот. Сопственикот што ја купил парцелата ја оградил и не дозволува низ неа да се поминува. Единствен излез им е тесно патче по кое не може да помине кола.

    До нашите куќи неможе да дојде Брзата помош и противпжарно возило. Пред некој ден викавме Брза помош и лекарите дојдоа горе пешки, бидејќи го познаваат лично татко ми. Денеска имаме погреб и треба починатиот на раце да го изнесеме долу до улицата. Ова е урбанизирана населба, јас кога купив плац пред четири години не знаев дека пат ќе немам. И други луѓе кои сакаат да градат куќи, нема од каде материјал да донесат. Патот кој сега е заграден го користевме седум години. Газдата на плацот сигурно нешто ќе гради и ние тука не можеме да поминуваме. Од другата страна има тесно патче, кое е не функционално- вели Дечо Даутовски.

    Чедо Стефановски од истата населба смета дека со плаќањето на комуналии, со добивањето на дозвола за градење, треба да се води сметка граѓаните да имаат пристапна улица.

    За љубов се потреби двајца. Јас сум ги платил сите давачки, со сите нишани што се вели, ама сакам и условите да ми бидат обезбедени. Ова е мешовита населба, повеќе има Македонци отколку Роми. Со булдожер нека израмнат еден дел од местото, ние сами ќе собереме пари и ќе го тампонираме патот. Макар биле тоа три метри, ама да можат возила да поминуваат - објаснува Стефановски.

    Од Секторот за урбанизам во општина Куманово, велат дека не се запознаени со случајот, но ако се работи за узурпација на патот, ги упатуваат граѓаните да поднесат барање до инспекциските служби.