Насилници без причина претепале момче
01.11.2013 13:24
| KumanovoNews
Осумина насилници од Куманово на почетокот на октомври годинава претепале малолетник.

Инцидентот се случил 50 минути по полноќ кога Л.П.(17), Н.А.(17), Н.М.(17), М.М. (17), Н.К.(18), Р.С.(17), М.Д.(17) и Н.М.(18), физички го нападнале М.В.(16). Го удирале со клоци и тупаници по телото и лицето од што се здобил со телесни повреди и скршеница на насот.
Тие ќе одговараат за кривично дело “насилство“.