Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово до крајот на месецот ќе се изврши дезинсекција на зелените површини и деритизација на коритата на реките, како и авио прскање од комарци.
Дезинсекција од крлежи ќе се врши на зелените површини, додека со дератизација ќе биде опфатено речното корито и шахтите во централното градско подрачје и близу речното корито. Што се однесува до авио прскање, eдна фирма во државата има дозвола за вршење на таа дејност и отпочната е постапка за нејзино ангажирање. Прскањето ќе се одвива кога ќе овозможат временските услови - изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.
За дезинсекција и дератизација ќе бидат потрошени 10.000 евра, а за авио прскање 20.000 евра.