×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наставниците бараат да се испита уставноста на екстерното

    09.07.2015 09:37 | KumanovoNews

    Наставниците подготвуваат иницијатива која ќе ја достават до Уставен суд, за да се испита уставноста на екстерното тестирање и за кои цели се користи истото.

    Наставниците бараат да се испита уставноста на екстерното

    Тие сметаат дека со пишување на оценки недоволен еден во сведителствата, се крши Законот за основно и средно образование.

    “Таа оценка е непроодна. Сето тоа има сериозни импликации по успехот на учениците, казни за наставниците, за нивниот професионален напредок, кариера, па и отказ. Се надеваме дека Уставниот суд ќе донесе одлука во наша полза“- велат од Наставнички пленум Куманово.

    Од Наставничкиот пленум Куманово велат дека иницијативата ќе биде поднесена по 15 август, штом судовите ќе почнат со работа.