×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наташа Ќосовиќ - Томовска нова директорка на детската градинка во Куманово

    25.02.2025 08:15 | KumanovoNews

    Наташа Ќосовиќ -Томовска е именувана за в.д. директорка на Детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово.

    Наташа Ќосовиќ - Томовска нова директорка на детската градинка во Куманово

    Таа е професор по предучилишно образование и воспитание, и магистер на културолошки студии по македонски јазик, дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како воспитувач во детската градинка 25 години.

    „Ќе се трудам да ги задржам воспоставените позитивни практики. Приоритет ќе се секако образованието, воспитувањето на децата, грижата за нивното здравје, хигиената и благосостојбата. Свесна сум и за некои негативни појави, но за тоа би можела да коментирам откако одблизу ќе се запознаам со причините, ќе направиме анализи и ќе работиме да се елиминираат“, истакна новата директорка Ќосовиќ -Томовска.  

    Таа доаѓа на местото на Марина Алексовска, која замина во пензија, по повеќе од  две децении раководење со институцијата.