Натпревар по прва помош во Црвен Крст
05.06.2013 08:27
| KumanovoNews
Во просториите на Црвен Крст во петок ќе се оддржи натпревар по прва помош на кој ќе учествуваат ученици од повеќе училишта.

Гимназија “Гоце Делчев“ ќе се натпреварува со две екипи, техничкото “Наце Буѓони“ со две екипи од македонските и една од албанските паралелки, од СОУ“Перо Наков“ ќе учествува екипа од албанските паралелки, а ќе се натпреварува и екипа од Клубот на млади.
Натпреварот почнува во 10 часот, а победниците ќе учествуваат на државен натпревар кој ќе се оддржи на 15 септември.