×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Натпревар во возење трактор во „Киро Бурназ“

    07.05.2015 15:17 | KumanovoNews

    Во Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ денеска се одржа четириесет и петтиот државен тракторски натпревар, на кој учествуваа ученици од десет средни земјоделски училишта од Македонија.

    Натпревар во возење трактор во „Киро Бурназ“

    Натпреварувањето се одвиваше во шест дисциплини во кои учениците имаа можност да го покажат своето знаења и вештини.

    Ова е трет пат како нашиот град е домаќин и сакам да се заблагодарам на општината која што ни овозможи да го организираме натпреварот, бидејќи од нив добивме финансиски средства. Десет града се тука и тоа Ресен, Свети Николе, Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци. Значи десет града каде има земјоделско ветеринарна струка - вели Весна Трајковска, директорка на „Киро Бурназ“.

    Освен во вешто возење на трактор и орање учениците се натпреваруваа и во аранжирање на цвеќе, препознавање на семиња, органско производство, препознавање на коски и органи.

    Јас доаѓам од Струмица и се натпреварувам во дисциплината за вешто возење на трактор и орање. Втор пат учествувам на ваков натпревар, а минатиот пат освоив второ место - рече учесничка.

    На натпреварот имаше 140 ученици, и подеднакво вешти беа и машките и женските натпреварувачи.