Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи од основното училиште “Кочо Рацин“, од македонски и албански паралелки од “Наце Буѓони“ и од Црвен Крст Куманово, денеска се натпреваруваат во укажување на прва помош.
Учесниците на општинскиот натпревар по прва помош при различни видови на повреди, ќе треба да покажат како се пружа прва помош, а најдобрата екипа ќе учествува на државен натпревар во септември во Крива Паланка.
“Имаме девет повреди вкупно на три работни места. Имаме скршеници, отворени, затворени, крварења, секојдневни повреди, срцев удар и други. Обуката трае повеќе од месец дена. Имавме првин теоретска подготовка, а потоа и практично со лекари. Се надеваме на добри резултати“ - вели Раде Ристиќ, лидер на млади во Црвен Крст Куманово.
Учесниците очекуваат победа, бидејќи интензивно се подготвувале за натпреварот.
“Се подготвувавме две недели и често доаѓавме во Црвен Крст Куманово. И дома вежбавме за натпреварот. Ќе го дадеме својот максимум. Многу е важно да се знае прва помош, затоа што во секој случај ќе ни треба“ - вели Владимир Георгиевски, ученик од “Кочо Рацин“.
Општинскиот натпевар по прва помош е традиционален и долги години се одржува во организација на Црвен Крст Куманово.