×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Навалица за буткици и нозе во месарниците

    15.01.2015 09:32 | KumanovoNews

     Во месарниците во Куманово деновиве има зголемена побарувачка за свински буткици, коленици и нозе, за подготовка на пивтии за празникот Свети Јован.

    Навалица за буткици и нозе во месарниците

    Буткиците се продаваат по 190 денари за килограм, колениците се 167 денари, а нозете се 100 денари.

    “Овие денови има голем метеж, но како и секоја година ударно ќе биде два дена пред празникот. Најмногу се купуваат буткици. Количински секој купува онолку колку му треба, колку што е големо семејството. Пивтии можат да се направат и од говедско месо, но свинското е најбарано“- велат во месарница.

    Месарите велат дека се доволно снабдени со коленици и буткици, но годинава има помалку чадени нозе. Во некои месарници ги запишуваат постојаните муштерии за да не останат без бараниот производ за пивтиите.

    “Повеќето граѓани купуваат чадени буткици бидејќи им даваат поубав вкус пивтиите. Муштериите купуваат по 2-3 парчиња, иако чаденото е поскапо од свежото. Купувачи има, работа има многу овие два дена. Годинава има недостаток на свински нозе, но не знаеме зошто е тоа така и кои се причините“ - објаснува друг продавач.

    Цените на буткиците годинава се слични како лани пред празникот.