Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последниве 24 часа во кумановско наврнале 4 литри дожд на метар квадратен, а нови врнежи од дожд се очекуваат од понеделник.
Тоа е мала количина на дожд во споредба Гевгелија на пример каде што паднаа 32 литри на квадрат. До недела не очекува стабилно време со магла по котлините и на повисоките места. Нови врнежи од дожд ќе има во понеделник кон вторник - вели Лена Јовановска, дежурен синоптирач во УХМР.
Јовановска објаснува дека дождот позитивно влијае за прочистување на воздухот и делумно растерување на маглата.