×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е познато колку кумановци работат во базите во Ирак

    09.01.2020 12:53 | KumanovoNews

    Нема точна бројка колку граѓани на Куманово се ангажирани преку американската компанија КБР за логистичка поддршка на американската војска во базите во Ирак.

    Не е познато колку кумановци работат во базите во Ирак

    Според информациите од надлежните никој од македонските граѓани не побарал помош за евакуација, но советуваат да не се патува во оваа земја.

    „Во контекст на најновите настани во Ирак и зголемената можност од ескалација на насилствата, МНР им советува на граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во оваа земја како и да се воздржат од патување во Иран.

    За оние кои веќе се наоѓаат во тие земји, како и на поширокиот простор на Блискиот Исток, МНР советува претпазливост и постојано следење на состојбата, а во случај на потреба веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на останатите ГлобалСОС телефони во најблиските дипломатски претставништва на Република Северна Македонија, Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Тел Авив +972 737 154 900, Доха +974 665 979 44, Абу Даби +971 564 41 7532. Напоменуваме дека овие броеви се достапни и на „Viber“ или „WhatsApp“ апликациите“- стои во изветувањео на МНР.

    Кумановци последните две децении се главна работна сила и цивилна логистика во базите на американсктата војска во земјите на Блискиот Исток, поточно во Авганистан Ирак. Никогаш не се утврди нивната точна бројка.