Мени

Не го почитувале полицискиот час, па бегале од полиција

25.03.2020 16:22 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против А.С.(39) од с.Водоврати, Градско и С.С.(35) од с.Ќојлија, Петровец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Не го почитувале полицискиот час, па бегале од полиција

Пријавените, на 22.03.2020 во 23.10 часот за време на епидемија од коронавирус прогласена на територијата на Македонија, постапил спротивно на забраната за движење на населението од 21.00 до 06.00 часот, односно се движеле со патничко возило „мерцедес“, управувано од првопријавениот, по магистрален пат Крива Паланка - Куманово.

Од полициски службеници од Полициското одделение Ранковце биле сопрени и првопријавениот одбил да селегитимира, по што го стартувал возилото и заминал во правец на Куманово.

 Околу 23.35 часот возилото било забележано од полициски службеници од СВР Куманово, по што пријавените, откако биле легитимирани и бил извршен преглед на возилото, и двајцата биле лишени од слобода.