Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во расправата, повеќето советниците ја пофалија програмата на новиот директор и рекоа дека е сеопфатна и развојна
Советниците не ја усвојиа програмата за работа за 2014 година на ЈП „Водовод„. На денешната седница со 15 гласа за, 14 воздржани и ниту еден против, програмата не го доби потребното мнозинство. За програмата немаа право да гласаат советниците од опозицијата Тони Трајковски и Ашмет Османовски, вработени во ЈП „Водовод„. Со нивното присуство во Советот имаше 31 советник, а за да се усвои програмата, според Деловникот за работа, беа потребни намалку 16 гласови за.
И покрај тоа што не помина програмата ние нема да дозволиме тоа да го почувствуваат граѓаните. За понатамошните консеквенци што ќе ги донесе оваа одлука на советниците, ќе се договараме со менаџерскиот тим, со градоначалникот и ќе бидете известени наскоро кои мерки ќе ги преземеме. Се работи за политички договор, но треба да се гледа интерeсот на граѓаните а не на политичките партии. Во овој момент интерес на поедини партии, пред се на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ се ставени пред интересите на граѓаните. Немаа буквално ниту една заблешка на програмата за работа, а гласаа против- изјави директорот Горан Стојковски.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека главната причина за тешката финасиска состојба на претпријатието се големите долгови кон Водостопанство и другите доверители, како и превработеноста од предходното раководство за кое немало понудено решение во програмата.
До која јавното претпријатие Водовод ќе биде азил за вработување на поранешните функционери на СДСМ до нивно пензионирање, а граѓаните на Куманово ќе ги плаќаат преку цената за вода и сметките - изјави Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку во расправата, повеќето советниците ја пофалија програмата на новиот директор и рекоа дека е целоска и развојна. Во неа се предвидува излегување од тешката финансиска состојба на претпријатието со максимално штедење, намалување на загубите на вода, извршување на обврските и аплицирање за грантови. Сето тоа не беше доволно да се убедат советниците на опозицијата и да дадат подршка.
Ова е втор случај да не се изгласа програмата за работа на јавно претпријатие, откако на крајот на минатат година падна програмата на „Чистота и Зеленило„.
Коалицијата на СДСМ го губи мнозинството во Советот кога се работи за јавните претпријатија, бидејќи повеќе нејзини членови, како и советници од поранешни коалициони партнери се вработени во нив и немаат право на глас.