Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советникот од ДПСМ, Саша Николиќ на денешната седница на Советот наменета за советнички прашања, го праша градоначалникот кога ќе бидат исплатени средствата за Српската заедница и за функционирањето на културно-уметничкото друштво “Српски вез“.
Николиќ рече дека тоа се средства кои во општинскиот буџет биле вметнати за реализирање на одредени манифестации, но досега не се исплатени.
Тие средства беа одобрени за одредени манифестации, за Свети Сава, за тековно работење. Кога овие средства ќе бидат исплатени? И за 2013 и 2014 година не се исплатени - додаде советникот.
Фросина Трајковска, помошник раководител во секторот за социјални работи рече дека сукцесивно парите ќе бидат исплаќани на субјектите, а градоначалникот Зоран Дамјановси изрази незадоволство затоа што не бил поканет на одбележувањето на Кумановска битка на Зебарњак.