×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не се почитува законот за пушење во повеќе кумановски фирми

    14.01.2015 10:00 | KumanovoNews

    Десетина фирми во Куманово не го почитивале законот за пушење.

    Не се почитува законот за пушење во повеќе кумановски фирми

    Во акцијата на Државниот пазарен инспекторат што била спроведена од 5 до 9 јануари годинава, изречени се казни на сопствениците на фирмите каде било утврдено дека се пуши во затворен простор, како и заради непочитување на други закони.

    Привремена забрана во траење од 15 дена по Закон за заштита од пушењето и едно решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена по Закон за угостителска дејност, заработи една од фирмите.

    Едно решение за привремена забрана во траење од 30 дена по Закон за  трговија и едно решение за привремена забрана во траење од 7 дена по Закон за заштита од пушењето.

    Изречена е една мандатна казна по Закон за трговија во износ од 36.900 денари и издаден е платен налог во износ од 153.750 денари по Закон за заштита од пушењето.

    Издаден е платен налог во износ од 12.300 денари по Закон за трговија, еден платен налог од 30.700 денари по Закон за трговија. Изречена е казна по Закон за  угостителска дејност во износ од 92.250 денари. Издаден  е  еден  платен налог по Закон за трговски друштва во износ од 30.750 денари и еден платен налог во износ од  27.675 денари. Од кумановска фирма одземена е роба во износ од 380 денари по Закон за трговија.