×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не вршиме селективен отпис на долгови за комунална такса и фирмарина, тврди Општина Куманово

    16.03.2023 11:47 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово во целост ги отфрла обвинувањата на Левица, локален огранок Куманово за отпис на парични побарувања по основ на комунална такса за фирма, односно назив на деловна просторија и данок на имот за физички и правни лица, стои во соопштението од Општината.

    Не вршиме селективен отпис на долгови за комунална такса и фирмарина, тврди Општина Куманово

    Одлуката за отпис на побарувања по основ на комунална такса за фирма, односно назив на деловна просторија заклучно со 2018 годинa и данок на имот за правни и физички лица заклучно со 2012 година беше изгласана од Советот на Општина Куманово. Со оваа одлука, поради апсолутна застареност по член 84, 85 и 85-а од Законот за даноци на имот и член 552-а, 552- б и 477 од Законот за трговски друштва, а се однесува на комуналната такса се изврши траен отпис на даноци и такси во износ од 77.917.805 денари.

    „Општина Куманово, конкретно Сектор за даноци и такси ги има превземено сите законски дејствија за да ги наплати побарувањата почнувајќи од решенија, опомени за истите, решенија за блокади на домашна адреса и крајно решенија за присилна наплата во банки. Бидејќи се исцрпени сите законски, правни рамки и можности за наплата, а субјектите се избришани во Централен регистар и не постојат, побарувањата се нереални, односно фиктивни, Општината, односно Советот на Општина Куманово ја донесе оваа Одлука со 22 гласа за, 1 против и 3 воздржани. Не постои селективен пристап како што наведуваат во соопштението на Левица, едноставно станува збор за побарувања кои се ненаплатливи, а се водат во сметководствената евиденција, истите се апсолутно застарени и со нив се доведува во прашање и самата реализација на буџетот, така што нивниот отпис е неопходен. Општина Куманово работи законски, транспарентно, неселективно и е отворена за сите подеднакво и рамномерно“, се вели во соопштението на Општина Куманово.