×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неасфалтирани улици најголем проблем за жителите на Гладно поље

    11.02.2025 11:48 | Оливера Пешевска

    Неасфалтираните улици се најголем проблем, и болна точкa за жителите во Гладно Поље, дел од населбата „Перо Чичо“ во Куманово. 

    Неасфалтирани улици најголем проблем за жителите на Гладно поље

    На улицата 716 се наоѓаат 20- тина куќи, а жителите велат дека по нивната улица не може се помине пешки ниту со автомобили, затоа што е нерамна и неасфалтирана.

    „Предните делови од автомобилите ни се постојано оштетени, а не можеме да поминеме ни пешки кога е мокро . Не смееш да облечеш патики, одиме на работа и училиште со кеси врз нив или во чизми. Платени се високи суми за даноци и комуналии, тука се претежно нови и пространи куќи, убави дворови, а немаме улица. Срамота е да живееме вака во 21 век“, вели Марко Тасиќ, жител на улицата.

    Месната заедница во неколку наврати се обраќала до надлежните општински власти, но добиле одговор дека немаат доволно пари за асфалтирање на улиците во овој дел на градот. Досега во неколку наврати самостојно ја тампонирале улицата, но нивната инвестиција била однесена од водата, при обилни врнежи од дожд или снег.

    Во Гладно поље имаат водоводна и канализациска мрежа, редовно се изнесува комуналниот смет и секоја година добиваат решенија за наплата на данок.

    Со ист проблем се соочуваат и жителите на  улицата „718“ кои со свои пари три пати го тампонирале патот, а на влезот на улицата поставиле и бекатон во должина од неколку метри поради нагорнината, по која не можеле да излезат со автомобили.  

     „Целиот чакал водата го носи долу до раскрсницата, под пругата, при секој дожд се прави езерце низ кое не можат да поминат возила. Од чакалот се полни и атмосферската канализација, се отвара работа и на градските служби, ама немаме друго чаре. Патиштата во планинските села се подобри од ова, ние немаме ништо, колите ги искршивме, а сега кога ќе заврне може и некој од нас да настрада“, раскажува Драге Трајковски, еден од жителите со најдолг престој во соседството.

    И куќите на улицата 718 платиле комуналии пред повеќе од 20 години. Местото е урбанизирано и се наоѓа на само еден километар од центарот на градот, па даноците и при купопродажба и на имот се значително големи.

    Нема потреба ни да поставуваат мрежа, само да истампонираат и асфалтираат, согласни се и на бекатон како времено решение, објаснува понатаму Дејан Додевски, еден од соседите.

    Во Гладно поље има преку 500 куќи, но нема улици, иако било ветено дека улиците 714 и 724 ќе бидат направени, како главни артерии на населбата. Ништо не е преземено, а надлежните остануваат глуви на нивните барања.

    „Побаравме средба со градоначалникот, неколку пати го побаравме и во општината, не сакаше да не прими. На кого да се обратиш, кому да се пожалиш, прават улици каде нема направено план, 10 години легализираат дивоградби, а онаму каде што се е легално не прескокнуваат“ истакнува Стојанчо Алексовски, претседател на месната заедница пред неколку месеци.