×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неделата на Црвениот крст во Куманово се одбележува со делење на хуманитарна помош

    10.05.2020 07:24 | KumanovoNews

     Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8-15 мај, оваа година се одбележува во услови на пандемија, па сите активности на волонтерите се насочени за помош и поддршка на локалната заедница и населението.

    Неделата на Црвениот крст во Куманово се одбележува со делење на хуманитарна помош

    Од Црвениот крст Куманово велат дека, со оглед на новонастанатата состојба со коронавирус,  оваа година се сконцентирани на дистрибуција на помош која е неопходна на ранливите категории граѓани.

    „По повод 8 мај немавме класична манифестација, како што имавме до минатата година. Оваа година сме сконцентрирани, со нашите волонтери, на дистрибуција на прехраммбено-хигиенски пакети. Истите денеска се во Куманово, а утре ќе бидат доставувани и во руралните средини, односно селата во Општина Старо Нагоричане. Сѐ е сведено на активностите со Општинскиот штаб за заштита и спасување од Куманово за дистрибирање на помош. Секако, нашите тимови, зависно од потребата се обезбедени со ракавици, маски, визири“, вели Бојан Петрушевски, секретар во Црвен крст Куманово.

    Досега, како што додава Петрушевски, од Црвен Крст имаат доделено околу 450 прехрамбено хигиенски пакети, а заедно со Општинскиот штаб за заштита и спасување од Куманово околу 3 илјади пакети. Тие дополнително, со членовите на ОШЗС, се вклучени и во набавка на намирници за стари и изнемоштени лица.

    Исто така, тие во соработка со Централната канцеларија и Институтот за трансфузиона медицина, редовно организираат крводарителски акции, и ги повикуваат сите крводарители кои сакаат и се во можност да им се приклучат во акциите. Како што велат, согласно со нивните капацитети, тие и останатите месеци ќе продолжат да им помагаат на социјално најзагорзените семејства, како и секоја година.

    Црвениот крст Куманово, уште не самиот почеток кога се појави првиот заболен, беше со своите тимови ангажиран на граничниот премин Табановце, каде што нивните волонтери помагаа на припадниците од МВР и Царинската управа во анкетирање.