Мени

Неколку улици без вода поради дефекти на водоводната мрежа

02.04.2020 09:13 | KumanovoNews

Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат потрошувачите на неколку улици во градот.

Неколку улици без вода поради дефекти на водоводната мрежа

Според ЈП Водовод тоа се: бул. „Октомвриска Револуција“ (Табакана), ул. 302, нас. „Ајдучка Чешма“,  ул. „Бранко Радичевиќ“.

Интервенција на канализационата мрежа ќе има на: ул. „Доне Божинов“,  ул. „11 Октомври“ и бул. „Октомвриска Револуција“.