Нема листерија во свинскиот врат на “Екстра Меин“
12.08.2014 10:55
| KumanovoNews
Анализа направена на Факултетот за ветеринарна медицина покажале дека нема листерија во мострите од свинскиот врат земен во малопродажба во Гевгелија.

Претпладнево “Екстра Меин“ ги добиле првичните резултати од суперанализата на мостри земени од оспоруваните производи, повлечени од малопродажба и сите се покажаа негативни на листерија.
„Ова покажува дека производите излезени од погоните “Екстра Меин“ се произведуваат по сите светски стандарди за безбедност и квалитет на храна“ - велат од компанијата.
Во текот на денот се очекува да пристигне и втората суперанализа изработена од Институтот за јавно здравје.