×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема новозаболени од коронавирус во Куманово

    13.05.2020 11:12 | KumanovoNews

    Во Куманово во изминатото деноноќие нема новозаболени од коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

    Нема новозаболени од коронавирус во Куманово

    Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, од кои: 12 се од Скопје, Прилеп 7, Тетово 3, Кавадарци 1 и Пехчево 1.

    Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на КОВИД-19.

    Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

    Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370.