Мени

Нема одложување на Законот за заштита од пушење – следната недела оди на Влада

16.02.2026 15:51 | KumanovoNews

Од Министерството за здравство велат дека Законот за заштита од пушење не се одложува, и следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Влада.

Нема одложување на Законот за заштита од пушење – следната недела оди на Влада

Оттаму велат дека во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата.

„Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории“, велат од МЗ.

Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваат дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието.

„Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок“, соопшти МЗ.