Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Индивидуалните земјоделци, кои не платиле за потрошената вода за наводнување на земјиштето, во иднина нема да можат да аплицираат за субвенции.
Според Програмата за финансиска подршка на земјоделството за 2012 година, корисниците на оваа програма до крајот на овој месец, треба да ги платат сметките за воден надомест за наводнување на земјоделски површини за 2011 година.
Земјоделците кои нема да ги подмират обврските, нема да ги исполнат условите и ќе останат без субвенции.