×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема трага од исчезнатите деца во Средорек

    27.05.2013 13:51 | KumanovoNews

     Цели три години нема ниту трага, ниту глас од изгубените ромските деца Дане Мемеди и Мирсада Хелдовиќ од населбата Средорек.

    Нема трага од исчезнатите деца во Средорек

    Во сабота се одбележа Меѓународниот ден на исчезнати деца, но семејствата на овие деца изгубиле надеж дека некогаш ќе ги најдат своите најмили.

    И двете деца исчезнаа од дворовите на нивните семејни куќи. И Мирсада и Дане беа на пет годишна возраст.

    Детето си играше со инвалидска количка во двор и го снема. Нема одговор од никого, ниту од полиција. Децата се надвор од државата. Дете не може така да исчезне и граница да помине. Тоа го направил некој со врски. Веќе нема надеж, затоа што е ромско дете не е најдено. Другите три деца ги советувам да внимаваат. До врата ако илезе веднаш се загрижувам, го мислам - вели Драган Мемеди, татко на исчезнатото дете.

    Две недели по Дане, исчезна девојче од истата населба. Нејзините родители сега не се во Средорек. Тие како азиланти заминале за Франција, а вујкото на Мирсада објаснува дека се разочарани од институциите и дека навреме не се преземени мерки за пронаоѓање на детето.

    Нема никаков абер апсолутно. Си играла во двор, и ја снемало одеднаш. Одиме во полиција тие креваат раменици, ни викаат многу време поминало. Сега Мирсада треба да има девет години. Детето е грабнато, нема кој да ни помогне. Сестра ми многу пропадна нервирајќи се за детето, ама отиде во потрага по подобар живот, мора да мисли за другите деца - рече Суад Хелдовиќ, вујко на исчезнато дете.

    Во времето кога овие деца исчезнаа, специјални единици од МВР го пребараа речното корито на Кумановка. Потоа  се зборуваше дека сомнител црн џип со бугарски регистарски таблички бил забележан покрај населбата, и кај многумина се јави сомнеж дека децата ги киднапираат заради трговија со органи.