Нема вода на Пчински пат
18.10.2012 07:11
| KumanovoNews
Утринава вода нема на шест улици.

Без вода за пиење се граѓаните кои живеат на улиците “Клара Цетин“, “Александар Здравковиќ“, “Вељко Влаховиќ“, “Анѓа Ранковиќ“ и на Пчински пат поради дефекти. Вода нема и на улица “Чупино брдо“ каде се обновува водоводна мрежа. Дефектите ќе бидат санирани во најбрз можен рок.
Други прекини во снабдувањето со вода не се регистрирани на подрачје на Куманово.