×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема знаци на насилство на телото на Сашо

    11.01.2010 08:12 | KumanovoNews

    Обдукцијата на ексхумираното тело на Сашо Насевски (21) од Куманово, за кого семејството се сомневаше дека е убиен, а не починал од предозираност со дрога и побара дополнителна истрага,  покажа дека тој не починал од насилна смрт.

    Нема знаци на насилство на телото на Сашо

     Во секциониот протокол од Судска медицина, кој пристигнал во Основниот суд Куманово, е наведено дека причината за смртта останува непозната, со напомена дека таа не настанала како последица на механичка сила. На обдукцијата е земена коса за вршење на лабараториска анализа за да се утврди присуство на психотропни супстанци, но поради набавка на нови апарати за анализа во Институтот, резултатите ќе бидат дополнително доставени до Судот.
     Ексхумацијата на телото на Насковски беше извршена на 9 ноември лани, по барање на семејството кое се сомневаше дека тој е убиен, па бараа обдукција на телото, бидејќи предходно не била извршена.
    Мајка му снежана тогаш тврдеше дека синот и е задавен, бидејќи лицето му било изобличено, а имал гребнатини по вратот, модринки по телото и негираше дека е наркозависник. Судот го прифати барањето на семејството, по што се изврши откопување на телото. Насевски беше пронајден мртов на 24 септември, минатата година во местото Гладно Поле, на периферијата на Куманово. Телото го пронашол случаен минувач. По извршениот увид од полициско-судски екипи и лекар било утврдено дека Насевски починал од предозираност од наркотично средство. На телото немало знаци на насилство, а биле откриени 6 убодни рани од игла.
    Обдукцискиот наод е предаден на Обвинителството, кое ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката.