18. 02. 2020 13:52

Необрзувачки договор и ниски цени формула за успех на мобилниот оператор Мултимедианет

Необрзувачки договор и ниски цени формула за успех на мобилниот оператор Мултимедианет

Необврзувачкиот договор и најниските цени ги дадоа резултатите во работењето на мобилниот оператор на Телекабел и Мултимедиа нет, со префикс 074.

Граѓаните го препознаа квалитетот, поради што во изминатиот период беа потпишани голем број на договори и се зголемија корисниците на услугите на најмладиот мобилен оператор во државата. Од компанијата 2019 година ја оценуваат за успешна, бидејќи ги реализираше предвидените планови и очекувања на пазарот.

- Ние сме првата компанија која постави нов стандард во телекомуникацијата во Македонија, понуди неограничени бесплатни разговори на своите корисници. Не ги обврзуваме граѓаните со договор и можете телефонската услуга да ја користите во временски период во кој им одговара“, -  велат од Мултимедиа нет.

Услугите во мобилната телефонија се без обврзувачки договор, со платен телефонски приклучок и неограничени бесплатни разговори на своите корисници. Во понудата има пакети од 300, 500 и 1500 денари/месечно, а цената на смс - пораките е само 3 денари.

Салонот на Телекабел и Мултимедиа нет во Куманово се наоѓа на ул. Народна револуција, под слаткарницата Реклама, повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 074 20 05 55.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk