×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Неонски срца“ нa Ана Јакимоска е најдобар македонски филм на фестивалот „Филмај 2021„

    04.05.2021 10:52 | KumanovoNews

     Филмот „Неонски срца“, на режисерката  Ана Јакимоска ја доби наградата за најдобар домашен (македонски) филм, на третиот Меѓународен фестивал на краток филм, „Филмај 2021“ Куманово. 

    „Неонски срца“ нa Ана Јакимоска е најдобар македонски филм на фестивалот „Филмај 2021„

    Останатите наградени се Азадех Мусави за иранскиот филм „The Visit“  за најдобра режија ја доби наградата „Лазар Ѓорѓевиќ“, наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија му припадна за Питер-Јан Клесенс за филмот „Da Yie“ од Гана, наградата „Козјак“ за најдобро сценарио за Али Асгари и Фарнуш Самади за иранскиот филм „Witness“,

    Селекцијата на пристигнатите филмови ја изврши тричленото жири во состав Лидија Мојсовска (режисер/сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф).

    Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот, кој поради моменталните безбедносни и здравствени услови, наместо во мај ќе се одржи во септември.

    „Оваа одлука е заснована на искрена желба организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала“, - соопштуваат од фестивалот.