×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нереализираните проекти префрлени за догодина

    23.10.2012 07:32 | KumanovoNews

     Развојните проекти кои не се реализирани годинава се префрлени во програмите за наредната година, а за одредени ставки средствата се намалени.

    Нереализираните проекти префрлени за догодина

    Советниците од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“ бараа образложение зошто роковите се пролонгираат и проектите се одолговлекуваат со години, а полнењето на буџетот не е на соодветно ниво.

    Ова не е програма за развој, туку програма за уназадување. Ако ги земеме бројките, немаме образложение , а крајниот резултат, фактите се поразителни. Од 156 милиони денари се намалува на симболични средства. Доцниме со проекти кои до сега требаше да бидат готови. Не е во ред 90 отсто од работите да се префрлат за идната година. Од суштински работи се откажуваме за да тераме понесуштински - вели Миле Јакимовски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

    Советникот од ВМРО - ДПМНЕ, Бранко Цветков рече дека програмата кога се носела била преобемна и тогаш тие напоменале дека зацртаните актиности нема целосно да се реализираат, но власта не сакала да слуша.

    Независниот советник Виктор Цветковски потсети дека многу проекти одобрени од Советот на општина Куманово не се ниту почнати. Притоа го посочи објектот во  Длабочица, како и изградба на улици и реконструкција на водоводната мрежа. За наредната година се пролонгира и отпочнувањето на новата административна зграда на Општината.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски се правдаше дека одложувањето на капиталните инвестиции не го донел на своја рака, туку во консултација  со администрацијата и советниците.  А за празниот буџет ја посочи економската криза и слабата куповна моќ на граѓаните.

    Сосема е јасно на Советот дека програмата почнува во февруари, кога се распишуваат тендери, а изведбата е во втората половина. За наша среќа или несреќа  ние имаме договори за плаќање на 60 или 90 дена. Имаме изведби кои траат два до три месеци. По договорите работите течат како што се предвидени. Работиме на 38 проекти и 2 капитални инвестиции. Одговорно тврдам дека до ден денес немаме ни еден денар долг кон изведувачите - рече Дамјановски.

    Советниците посочија дека дел од проектите се почнати, но ако плаќањето е за три месеци, проектот автоматски влегува во 2013 година.