Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре од 11 до 15 часот во зградата на Комитет, ќе започне првата обука за невработени лица кои сакаат да совладаат нови вештини.
Дваесетина невработени граѓани се пријавиле за учество на бесплатната обука насловена “Како да најдам работа и да ја задржам?“ организирана од Општина Куманово и Гешталт Солушнс.
Претежно се пријавија млади невработени лица. Обуките ќе ги држат тимови од Гешталт Солушнс. Невработените ќе научат како да пишуваат кратка биографија, мотивационо писмо, како да се претстават на интервју и друго. Првата обука почнува утре од 11 часот во Комитет - вели Елена Цветановска, помлад собработник во сектор за локален економски развој при Општина Куманово.
Преку шестдневните обуки невработените од Општина Куманово ќе станат поконкурентни на пазарот на трудот. Тие ќе совладаат преговарачки вештини, ќе научат како да бидат ефикасни на работа, како се одвива селекција на кадар и слично.
Обуката е поддржана од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.