Незаконски демонтирал броило и го поставил на куќа
01.12.2015 17:09
| KumanovoNews
Незаконски демонтирал броило и го поставил на куќа

Е.А.(39) од село Опае во 2013 година без да изготви документи, физички демонтирал броило сопственост на А.Љ. и истото било поставено во деловен објект на “Трета МУБ“ за кој знаел дека не работи. Потоа со лажно прикажување на факти го довел во заблуда И.Н. од Оризаре, со тоа што броилото го прикажал како дел од постапка за нов приклучок и го монтирал на куќа на неговиот брат Б.Н. за што примил 30.000 денари и ја оштетил ЕВН.
Против Е.А. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и измама.