×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Никако да поскапе чевларскиот труд

    26.06.2013 09:17 | KumanovoNews

    Вработените од чевларските фирми се жалат дека со години наназад цената на работен час е непроменета и се движи од 35 до 60 денари.

    Никако да поскапе чевларскиот труд

    Јас работев седум години, сега сум невработена. Можам да кажам дека тоа е тешка работа, а неплатена. Меѓутоа луѓето немаат избор и затоа прифаќаат да работат - вели Виолета Спасовска.

    И од синдикатот потврдуваат дека еден час работа во чевларството се плаќа од 35 до 60 денари. Еден работник во текот на денот може да направи од 5 до 7 чифта чевли.

    Kога фирмите се во екот на својата работа саатнината е иста. Друг проблем е што им доцни наплатат, бидејќи со партнерите се договорени за исплата на 60 или 90 дена. Тоа се чувствува во помалите фирми кои се во понезавидна состојба бидејќи го работат само горниот дел од чевлите - рече Миле Спасовски, секретар во Регионален синдикат.

    Во  чевларскиот сектор претежно работат жени, а општо за земјава важи правилото дека жените работат професии кои се слабо платени.