Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на приватни авто-превозници од Куманово денеска одржа состанок со градоначалникот, локалната администрација и претставниците од полицијата за да изнајдат решение на повеќегодишниот проблем со нелојалната конкуренција во превозот на патници.
Сопствениците на „Јоцо-турс„, „Оли-Травел„, „Штуз„ и останите присутни посочија дека најголем проблем во нивното работење претставува одлевањето на патници кај нерегистрираните таксисти, кои немаат никакви обврски кон државата.
Имплементација на Законите за превоз на патници е единствениот начин со кој може да се реши ова прашање. Доколку сообраќајната инспекција и полицијата си го завршат нивниот дел од работата и го казнуваат недозволено паркирање на постројките и земање на патниците, луѓето нема да се осмелат така лесно да ги кршат законите- вели претседателот на Здружениети Борис Трајковски, сопственик на „Штуз„.
Сопствениците се пожалија дека полицијата и сообраќајните инспектори не се ефикасни во својата работа и имаат селективен пристап при казнувањето на прекршителите на законот. Тие не се оптимисти дека брзо ќе се реши проблемот и затоа предложија сами да се организираат во справување со нелојната конкуренција.во согласност со законската регулатива .
Ако дозволува законот ние ќе ангажираме и ќе плаќаме агенција која ќе ги обезбедува постројќите и ќе ги контролира превозниците. Подготвени сме да финасираме издржан проектот, само да дојдеме до резултати - едногласни се превозниците.
Од полицијата се правдаат дека нивни патроли се постојано на терен и ги покриваат термнините кога фрекфенцијата на возила и патници е голема, но поради недоволниот број на вработени и други сообраќајни активности што ги имаат во текот на денот, немаат контрола на целата ситуација. Инспекторот тврди дека тие поднесуваат пријави, но судските постапки трајат долго и не ги даваат очекуваните резултати. Затоа предложи Општината да ангажира сообраќајни редари што е со закон дозволено.
Градоначалникот Зоран Дамјановска им даде целосна подршка на превозниците и вети финансиска помош за инсталирање на систем за видео надзор за средување на хаосот и квалитетно одвивање на градскиот сообраќај.
Според неофицијални податоци во градот егзистираат над 100 диви превозници и околу 80 меѓуградски, кои возат во стари и технички неисправни возила. Наспроти нив легалните автопревозници набавиле над 20 нови возила што наскоро треба да ги пуштат во сообраќај.