×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Никој не се изживува со бездомните кучиња

    24.08.2012 06:34 | KumanovoNews

     Вработените во Ветеринарниот центар “Тодор Велков“ ги отфрлаат обвинувањата на Здружението за заштита на животните “Анима Мунди“, дека ги измачуваaт кучињата што ги собираат на улица и ги оставаат да гладуваат во нивниот стационар.

    Никој не се изживува со бездомните кучиња

     Тие тврдат дека во селото Четирце работи стационар по европски стандарди.

     Во европските градови со големина како Куманово, годишно се згрижуваат 10 до 12 кучиња. Ние годишно собираме  и по 480 кучиња. Не е доволно да им се даде 200 грама храна и едно шише вода еднаш неделно од страна на активистите на “Анимал-мунди” . Со тоа проблемот не е решен. Проблем се финансиските средства. За третман на кучињата се потребни огромни суми , а тие пари можат да се вложат во образование , здравство.Тоа ќе успее само ако работите ги поставиме обратно и спречиме луѓето неконтролирано да ги размножуваат домашните миленичиња, а потоа да се ослободуваат од нив на нецивилизиран начин - вели Димитар Венев од Ветеринарна станица Куманово.

    Тој ги поканува членовите на “Анима Мунди“ да ги посетат кучињата . Вели дека законите се неспроведливи и според нив доколку животните ги третираме според овој закон тие треба да бидат одземени поради несоодветно чување. За активистите на “Анима Мунди“ ветеринарите велат дека се лаици кои употребуваат медицински термини, без да го знаат вистинското значење.

    Тие објаснуваат дека многу несовесни газди кучињата не можат да ги лекуваат бидејќи е скапо и преку ноќ ги оставаат во кафезите во дворот на станицата. Оваа појава ветеринарите не можат да ја спречат. Тие објаснуваат дека градот е преплавен со кучиња бидејќи луѓето од селата кучињата ги пуштаат во град затоа што не можат да ги чуваат.

    Здружението за заштита на животните, пред два дена го обвини Ветеринарниот центар дека кучињата ги собира од улица а потоа ги остава да гладуваат и умираат по кафезите. При тоа беа приложени и слики од изнемоштените животни кои ветеринарите тврдат дека се стари.