Никола Стојановски го фати крстот во „Свети Никола“
Никола Стојановски (21) од Куманово денеска го фати крстот во цкрвата „Свети Никола“.

Тој по седми пат скока по светиот крст и вели дека и во иднина ќе скока и ќе ја продолжи традицијата за Водици.
Очекувам здравје, среќа, пари, љубов. Водата беше ладна. На другите им препорачувам да доаѓаат, да се продолжи оваа традиција - кажа тој.
Голем број верници наполнија од осветената вода за која се верува дека има лековита моќ.
На сите православни верници им посакувам среќа, здравје, напредок во животот. Бериќет сите да имаат, најважно е здравје - изјави Гордана Димитриевска, верник.
Верниците запалија свеќа за среќа и присуствуваа на литургијата по повод празникот.