×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нино освои втора награда на „Охрид-фест“

    14.09.2020 09:12 | KumanovoNews

     Со „Чувај не песно“ Нино Величковски, ја освои втора награда на стручното жири на „Охрид Фест“, кој викендов се одржа на сцената на Долни Сарај во Охрид.

    Нино освои втора награда на „Охрид-фест“

    Во конкуренција на 19 новосоздадени песни, жирито гласаше за баладата, која е по текст на Огнен Неделковски, музиката на Филип Неделковски, а аражманот на Петар Кан.

    „ Јас на овој фестивал имам отпеано десетина песни и добиено повеќе награди и мене многу ми значат наградите од овој фестивал. „Чувај не песно“ е интересна баладичка, се работи за едно специфично музичко решение, а во текстот се зборува за тоа дека песната ни е се`. Текстот ме понесе да дадам посебна интерпретација и емоција, која одговара на моите гласовни можности, по што стручното жири ме награди“, - изјави Нино.

    Нино  на 23 септември ќе настапи на Фестивалот „Тумба- фест“, кој ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.