×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ниту еден класен раководител нема да остане без паричниот надоместок, вели Димитриевски

    15.11.2019 06:07 | KumanovoNews

     Ниту еден класен раководител нема да остане без соодветен надоместок кој го прима по тој основ, рече градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, по повод на објавените информации во медиумите дека средствата нема да бидат исплатени затоа што Општината нема пари.

    Ниту еден класен раководител нема да остане без паричниот надоместок, вели Димитриевски

    Градоначалникот вели дека тие средства Општина Куманово ги предвидува во Буџетот, а до дел од училиштата бил испратен само допис дека не ги пријавиле навремено своите финансиски потреби.

     "Во самото писмено известување од служба за финансиски работи е објаснето дека тие средства ќе бидат исплатени во месецот декември по однос на заостанатите месеци и се работи за манипулација во јавноста од поединци вработени во образовниот процес нелегитимно сликале интерен документ, за кој ги повикувам државните органи да спроведат постапка а воедно и ние, како официјални и службени документи се лиферуваат во јавноста од неовлaстени лица",- вели Димитриевски.

    Исто така тој додава и дека доцнењето со исплатата е поради тоа што нема зголемување на наменските средства и блок донациите кои доаѓаат од Министерството за образование и затоа прво треба да се направи дополнителен ребаланс на буџетот.

    Сумата од 1.500 денари која класните раководители ја добиваат повеќе од останатите колеги кои не водат паралелки,  ќе им биде исплатена со декемвриската плата.