Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Свети Сава, празникот на српската заедница, деновиве ќе биде организирана прослави на локално и централно ниво.
Во недела во 12 часот во училиштето “Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане ќе се оддржи приредба за празникот, а вечерта во Скопје ќе биде централната прослава.
Во понеделник на 27 јануари Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово во Народниот театар ќе направи Светосавска акдемија со почеток во 19 часот. Ќе имаме богата програма, со уметници од Србија, со наши членови - изјави Бобан Јаќимовиќ, претседател на ДПСМ Куманово.
Оваа година на прославата ќе настапи српското културно - уметничко друштво “Српски вез“ кое премиерно ќе се претстави пред публиката.