×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ноќеска наврнаа 4 литри дожд на квадрат

    06.01.2016 10:08 | KumanovoNews

    Во Куманово ноќеска наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен површина.

    Ноќеска наврнаа 4 литри дожд на квадрат

    Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје, исто толку ноќеска наврнало во Прилеп и Берово. Времето денеска ќе биде облачно и магливо со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец.

    „Денеска ќе биде облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд.  Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови“-велат од УХМР.

    Утре ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд,  а на планините од снег.  Во раните утрински часови ќе има услови и во некои повисоки места во северниот дел од земјата  врнежите да преминаат во снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.