×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нормализиран сообраќајот кон Скопје

    09.06.2015 15:59 | KumanovoNews

    Околу 12 часот денеска е нормализиран сообраќајот кон Скопје, по сообраќајната несреќа што се случи утрово кај Агино Село, кога камион се преврте на автопатот.

    Нормализиран сообраќајот кон Скопје

    Несреќата се случила околу 5.30 часот, додека камионот се движел кон Куманово, во еден момент Александро П.(19) изгубил контрола на возилото, го пробил браникот на оградата и паднал на автопатот кој води во спротивната насока.Поради тоа сообраќајот на автопатот кон Скопје беше во еден час, а за камиони 5-6 часа.

    Од пола шест чекаме. Овде има повеќе од 30 автобуси и 100 камиони, околу 5.000 луѓе. Никој не дојде да не праша ни треба ли нешто. Кај мене во автобусот има три бебиња без храна од 7 часот сабајле. Секаде во светот за пола час стигнува дигалка, го тргнува камион настрана и сообраќајот се регулира. Овде дури во 9.15 почнаа да ги пуштаат патничките возила - велат нервозните возачи и патниците.

    СВР Куманово работи на откривање на причините за несреќата.