Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Свети Николе
18.01.2016 09:52
| KumanovoNews
Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, откако беше отстранет камион кој беше заглавен во снегот кај село Павлешенци.

Синоќа во 21.30 часот поради заглавеното возило сообраќајот беше во прекин во двата правци, а во 35 минути по полноќ возилото е отстрането и сообраќајот се одвива по една лента, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
На овој патен правец има наноси од снег, а дежурните екипи од ЈП„Македонија пат“ се на терен и работат на расчистување.