Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изборот на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе биде извршен до крајот на месецот, дознава Kumanovonews.
За лидерската позиција во кумановскиот огранок најсериозни кандидати се три советника во Советот на Општината.
Според наши извори станува збор за досегашниот претседател Бобан Николовски, лекарите Глигор Манов и Јордан Пачков. Со сите е извршен прелиминарен разговор во централата, а постапката согласно утврдената процедура ќе биде завршена наскоро.
Партиски луѓе тврдат дека битката се води помеѓу Николовски, кој е човек на пратеникот Петар Поп Арсов и Манов кој ја има подршката на секретарот на Парламентот, Жарко Денковски.
Истовремено се шпекулира и дека ниту еден од тројцата кандидати нема да ја добие подршката на централата, туку за претседател ќе биде назначена жена која има големо влијание во партијата.
Имињата на претседателите, најверојатно ќе бидат објавени истовремено во сите општински комитети.