Мени

Нов протест во Куманово поради даночните решенија на УЈП

06.03.2026 14:24 | KumanovoNews

Здружението „Правда за сите“ повика на мирен протест кој денеска ќе се одржи во Куманово пред Управата за јавни приходи (УЈП).

Нов протест во Куманово поради даночните решенија на УЈП

Според објавениот повик, протестот е закажан од 14:30 до 16:30 часот, а организаторите ги повикуваат своите членови, како и сите граѓани кои ги поддржуваат, да се приклучат.

Како што наведуваат од здружението, протестот се организира поради, како што велат, неправедни решенија за данок кои се однесуваат на 2020 година, а со кои, според нив, се засегнати поголем број семејства.

Организаторите бараат јасен и официјален одговор од УЈП, правично постапување и почитување на законите, запирање на двојното оданочување, како и правична и законска пресуда од Управниот суд.

Од здружението „Правда за сите“ апелираат граѓаните да присуствуваат во што поголем број.