×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов софтвер за помалку бирократија за матичните лекари

    13.08.2015 15:25 | KumanovoNews

     Фондот за здравство и Здружението на приватни лекари со нов софтвер ќе ја олеснат и унапредат  работата на матичните лекари, во делот на превенцијата на болести.

    Нов софтвер за помалку бирократија за матичните лекари

    До имплементацијата на новиот софтвер,  процесот  на  спроведување  на  превентивни  цели  кај  матичните лекари одземаше многу време поради обемна административна процедура.

    “Со новиот софтер се заменува употребата на досегашните хартиени обрасци. Имено, матичниот лекар за секој пациент досега печатеше 7 хартиени обрасци. Тоа изнесува повеќе од 9 милиони печатени обрасци за две години кај матичните лекари. Со новото софтверско решение ние овозможуваме целосно електронско работење и исфрлање на хартијата од  употреба  за  превентивните  цели. Бенефит  од  ова  имаат  и  матичните  лекари,  заштедуваат  околу  6 милиони денари годишно за тонери, хартија, принтери и сервисирање“ стои во соопштението од ФЗОМ.

    Ќе се намали и гужвата во чекалните, затоа што пациентите побрзо ќе ги добиваат услугите од своите лекари, ќе се зајакне контролата, ќе се смали просторот за грешки, и ќе има база на податоци за хронично болни, пушачи, луѓе со прекумерна телесна тежина и друго.